За нас
Own your masculinity
BeMan е македонски бренд со една мисија: машкоста и машкото ментално здравје. Почнавме во Скопје во 2023 година.
Нашата мисија
Да им помогнеме на машките да се чувствуваат сигурни во себе, да ги прифатат своите несовршености и да имаат храброст да зборуваат за она што го носат. Да бидат свои не значи никогаш да не паднат. Значи да станат, и да не мораат сами.
Што правиме
- Пишуваме за машкото ментално здравје на блогот, во сериите „Змејот во тебе“ и „Свој човек“.
- Секој ден на Instagram и Facebook објавуваме пораки за поддршка, за деновите кога е лесно и за оние кога не е.
- Во ноември сме дел од Movember и го одбележуваме 19 ноември, Меѓународниот ден на мажите.
Како ја поддржуваме мисијата
За да можеме да го правиме ова, продаваме машки аксесоари: сетови нараквици, секој со свое име и свој карактер, од Protector до Peacemaker. Еден аксесоар не го менува човекот, но може да го потсети кој е. Секоја нарачка ни помага да продолжиме.
- Секоја нарачка ја пакуваме рачно во Скопје.
- Плаќаш при достава, низ цела Македонија. Во Скопје истиот или следниот ден, насекаде други 2 до 3 работни дена.
- За подарок: луксузна кутија и пакет без цена.