Водич
19 ноември, Меѓународен ден на мажите: зошто ноември е за машкото здравје
Меѓународниот ден на мажите е на 19 ноември, а ноември е Movember, месец за машкото физичко и ментално здравје. Што можеш да направиш оваа недела за себе и за другарите.
Меѓународниот ден на мажите се одбележува секоја година на 19 ноември. Целиот ноември е познат и како Movember, месец кога мажите низ светот пуштаат мустаќи за да привлечат внимание на машкото здравје, физичко и ментално.
Кај BeMan од почеток велиме Own your masculinity: да бидеш свој, со сите лузни. Тоа значи и да зборуваш кога не ти е добро.
Три мали работи за оваа недела
- Прашај еден другар како е. Навистина. И почекај го одговорот, не само „добар сум“.
- 10 минути без телефон. Прошетка, тишина, глава на ладно.
- Кажи гласно ако не ти е добро. „Денес не ми е добро. И тоа е во ред.“ Да си силен не значи никогаш да не паднеш. Силен си ако станеш после секој пораз. Разговарај со некого, или барем истури го срцето на парче хартија.
Подарок со порака
Ако купуваш подарок за него овој ноември, избери го сетот што кажува кој е тој. Подарок за маж: идеи според карактерот.